Неколку туристи биле нападнати од мечки на Трансфагарасан, една од најпосетуваните туристички области во романскиот округ Арџеш, објави Диги 24.
18-годишен странски државјанин е повреден во ногата и е однесен во болница. Двајца португалски туристи, 62-годишен маж и 53-годишна жена, исто така се повредени во областа на браната Видрару.
Двајцата сами побарале медицинска помош откако се здобиле со повреди на рацете.
Властите испратиле предупредувања преку системот RO-Alert и ја обезбедиле областа за да спречат понатамошни напади.
