Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис завршил во болница откако паднал додека возел велосипед, но по укажаната медицинска помош бил пуштен дома.
Несреќата се случила во понеделникот, по што Мицотакис се јавил во болничка амбуланта. При падот се здобил со повреда на раката и со неколку полесни гребнатини.
По прегледот и укажаната прва помош, лекарите процениле дека нема потреба од негово задржување во болница, па грчкиот премиер ја напуштил здравствената установа.
