Вишото јавно обвинителство ѝ одреди мерка притвор на М.С. (25) под сомнение за обид за тешко убиство, објавија српските медиуми. Настанот се случил денеска во Белград, за време на студентските протести и блокади на улицата Јуриј Гагарин.
Според објавените информации, М.С. управувала автомобил од марката „Цитроен“ кога, поради блокадите, го стартувала возилото од местото каде што било паркирано и удрила две лица. Едно од нив се здобило со повреди на главата.
Полицијата во цивилна облека, која ги придружувала учесниците на протестите, успеала да ја запре М.С. додека се обидувала да побегне од местото на настанот.
По наредба на дежурниот јавен обвинител при Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничената ѝ е изречена мерка притвор во времетраење до 48 часа.