Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Радев денеска ќе му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на влада во рамките на 51-то свикување на Народното собрание на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС.

Се очекува Росен Жељазков, кој беше предложен од ГЕРБ-СДС за премиер, на бугарскиот претседател да му го претстави составот на кабинетот, кој ќе биде поддржан од четири формации – ГЕРБ-СДС, БСП – Обединета левица, „Има таков народ“ и „Демократија, права и слободи“- ДПС, пренесе Бугарското радио.

Жељазков вчера изјави дека на средба со претседателот ќе оди со предлог-листата на министри само доколку се обезбеди стабилно парламентарно мнозинство.

Парламентарните избори во Бугарија се одржаа на 27 октомври 2024 година, а Радев одлучи да им даде дополнително време на партиите за преговори пред да го предаде првиот мандат, нагласувајќи дека тоа го направил „со надеж дека преговарачите ќе разберат дека нивната одговорност оди подалеку од партиската интересите и нивното избирачко тело и дека се одговорни пред целиот бугарски народ“, јави Бугарското радио.

На парламентарни избори во октомври победи партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, освојувајќи околу 25 отсто од гласовите.

Зачлени се на нашиот е-билтен