Студентскиот протест што денеска се одржува во Белград се одвиваше без инциденти се додека не започнаа тензии на платото пред Собранието.
Момци облечени во капа се обиделе да упаднат во Паркот на Пионерите каде се „учениците кои сакаат да учат“, а потоа се слушнале петарди.
Студентите потоа се огласија и најавија дека протестот повеќе не е студентски протест и ги повикаа сите да го напуштат просторот пред Собранието.
„Од правецот на Паркот на Пионерите се фрлени шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски протест. Обезбедувањето ги отстрани маркерите. Се бара сите да го напуштат просторот околу Собранието“, повикаа на социјалните мрежи Студентите во блокада.