Властите во државата Тамил Наду во Југоисточна Индија објави награда од 960.000 евра за оној што ќе успее да го дешифрира древното писмо на цивилизацијата која некогаш живеела во долината Инд, пред 5.300 години.
Но, ова не е едноставен предизвик – дешифрирањето на овој јазик се смета за исклучително тешко. Писмото, кое е составено од околу 4.000 кратки знаци и симболи, е врежано на мали предмети како печати и керамика, а неговото значење сѐ уште не е откриено. Иако постојат теории кои го поврзуваат писмото со раните брахми писма, индоариевските јазици и сумерскиот јазик, досега не е пронајдена конечна дешифрација.
Цивилизацијата што го создала ова писмо, позната како Харапан или цивилизацијата на долината Инд, била една од најраните урбани општества во светот. Таа се простирала на територијата на денешна Северозападна Индија и Пакистан. Жителите на оваа цивилизација биле земјоделци и трговци, но причините за нејзиниот пад остануваат мистерија, без докази за војна или природна катастрофа.
Владата на Тамил Наду, во обид да го реши ова древно прашање, понуди огромна награда, а истражувачите сега имаат можност да откријат повеќе за управувањето и верувањата на оваа загубена цивилизација.
Euronews.com