Најлошото сценарио сè поизвесно: Фолксваген би можел да ги предаде фабриките на кинески фирми

Германската Фолксваген група, соочена со пад на побарувачката во Европа и вишок на производствени капацитети ја разгледува можноста да ги предаде некои од своите фабрики на кинески производители на електрични возила.

Планот е вишокот капацитети да се пренесат на кинески компании преку партнерски договори, што ќе им овозможи на кинеските производители да произведуваат електрични возила во Европа, избегнувајќи ги увозните даноци на ЕУ.

Генералниот директор на Ауди, Герхнот Делнер, изјави дека ова сценарио е многу изводливо, додавајќи дека верува во слободната трговија. Ауди веќе има партнерство со кинескиот производител на електрични возила SAIC за производство во Кина, а сличен договор би можел да биде постигнат и за фабриките во Германија.

По најавите за можноста за затворање на неколку фабрики во Германија поради падот на побарувачката, раководството на Фолксваген одлучи да се откаже од плановите за масовни отпуштања, но проблемот со прекумерното производство останува.

Овој потег би можел да биде клучен пресврт во автомобилската индустрија во Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен