Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец тајно бил префрлен од еден авион во друг при напуштањето на Турција, поради разузнавачки информации за можна иранска закана. Според извештаите на „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, операцијата била спроведена со цел да се прикрие неговата вистинска локација и да се намали ризикот од можен напад.
🚨 WOW! President Trump outsmarted Iranian threats in Turkey by jumping in a CATERING TRUCK to swap planes when the world thought he was on the legacy Air Force One
— Nick Sortor (@nicksortor) August 11, 2026
This is a JAMES BOND-style mission
Per reports, President Trump boarded Air Force One in Turkey, while a Secret… pic.twitter.com/7QrZb7ChLw
Трамп во јули престојувал во Анкара на самитот на НАТО, по што требало да продолжи кон Велика Британија. Јавноста и новинарите биле оставени со впечаток дека претседателот ќе патува со „Ер форс 1“, но зад сцената бил организиран поинаков план.
Според „Вашингтон пост“, непосредно откако Трамп се појавил дека се качува во авионот, тој тајно бил изнесен од леталото со камион за угостителска услуга. Возилото го префрлило до друг авион, во кој претседателот потоа продолжил кон Велика Британија.
Во меѓувреме, првиот авион продолжил да се користи како мамка. Новинари и дел од персоналот на Белата куќа останале со впечаток дека Трамп се наоѓа во него, додека вистинскиот претседателски лет се одвивал со помал воен авион „Це 32 А“.
Причината за необичната операција, според американските медиуми, била проценка дека постои сериозна закана од Иран за животот на Трамп. Информациите се однесувале на можен обид за атентат, поради што безбедносните служби презеле дополнителни мерки за да ја сокријат неговата вистинска траекторија.
Трамп во Турција пристигнал со новиот авион дониран од Катар, кој бил специјално преуреден за потребите на американскиот претседател. Сепак, пред заминувањето од Анкара било соопштено дека тој ќе го користи постариот „Ер форс 1“, што тогаш предизвикало прашања за причините за промената.
Белата куќа не ги потврдила деталите за тајното префрлање, но ја бранела одлуката за преземање дополнителни безбедносни мерки. Американски официјални лица во повеќе наврати укажувале дека Трамп се соочува со сериозни безбедносни закани.
Според Асошиејтед прес, извештајот на „Вашингтон пост“ не е независно потврден, иако слични информации објавил и „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски официјални лица.
Случајот сега привлече внимание поради необичниот начин на кој била изведена операцијата, особено фактот што вистинското движење на претседателот било сокриено дури и од дел од луѓето кои патувале со претседателската делегација.
