Трамп за закани на Иран: Ако не го запрете Хезболах, ќе ве удриме уште посилно

Трамп
EPA/LAURENT GILLIERON

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани со нови напади врз Иран, доколку таа земја веднаш не ги запре нападите на либанската милитантна група Хезболах врз Израел.

Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека Иран мора веднаш да ги спречи своите „високо платени“ посредници во Либан да предизвикуваат проблеми, како што рече.

„Ако не го сторат тоа, повторно ќе го удриме Иран многу силно, исто како што направивме минатата недела, само посилно“, рече Трамп.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во преговорите за Блискиот Исток, вклучително и ситуацијата во Либан, како и разговорите меѓу САД и Иран.

Венс, во Биргеншток, швајцарско планинско одморалиште, каде што се водат преговорите, за време на разговорите со иранската страна за поширок договор на Блискиот Исток, оцени дека САД се во „историски момент“ и изјави дека во разговорите со посредство на претставниците на Пакистан и Катар, се работи на „трансформација на Блискиот Исток“ и трајно подобрување на односите со Иран.

„Претседателот (САД) Доналд Трамп ни нареди да свртиме нова страница и да го промениме нашиот однос со народот на Иран“, рече Венс, објави Си-Би-Ес.

Венс изјави дека целта на американската администрација е да обезбеди стабилност во регионот преку дипломатија и да овозможи заедничка работа за „мир и просперитет“.

Американските и иранските преговарачи одржаа трилатерален состанок со катарските медијатори како дел од разговорите во Швајцарија, изјавија за Ројтерс официјални лица запознаени со ситуацијата.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?