Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жените ќе бидат мнозинство во новата холандска Влада

Кога Мариел Пол ќе положи заклетва како министерка за основно и средно образование, холандската Влада за прв пат ќе има повеќе женски членови отколку машки членови.

Ова ќе ја смести Холандија во мала група земји каде жените сочинуваат голем дел од Владата, пишува „NL Times“.

„Секогаш постои ризик ваквата речиси еднаква распределба меѓу мажите и жените да не трае. Но, тоа сега не се случува“, вели Девика Партиман од организацијата „Гласајте за жена“.

Од групата „Women Inc“ порачуваат дека одлуката да има повеќе женски членови во Владата ќе има два ефекта.

„Прво, тие се пример за другите. Девојките и младите жени би можеле да помислат дека и тие би можеле со тоа да се занимаваат. Второ, жените како членови на Владата почесто донесуваат одлуки кои промовираат родова еднаквост“, соопштено е од таа група.

И покрај достигнувањата на ниво на централна влада, жените се уште се недоволно застапени на другите нивоа на холандската политика.

Околу 35 отсто од членовите на градскиот совет се жени, а по изборите за Покраинскиот совет, во тоа тело сега има најмал број жени во последните 12 години. Во покраинските влади во Зеланд и Флеволанд има исклучиво мажи.

Според податоците на Обединетите нации, во просек помалку од една четвртина од владините министри ширум светот се жени.

Треба да знаете
Moже да ве интересира