Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон

Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба.

Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба на Вашингтон.

Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил вклучен активен воздухопловец.

– Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид, рекол мажот, облечен во униформа, во видео што го емитувал во живо на Интернет, јави „Њујорк Тајмс“. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира