Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Анкета: За 65 отсто од Грците земјата оди во погрешна насока, високите цени и понатаму најголем проблем

Над шест од десет Грци, односно 65 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока, за 46 проценти од анкетираните најголемиот проблем се поскапувањата на цените, а работата на актуелната Влада 66 отсто ја оценуваат негативно, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“.

На политичката сцена, Нова демократија и понатаму е на првата позиција со стабилна предност пред опозициската СИРИЗА, која има рејтинг за нешто помалку од еден отсто повисок од ПАСОК.

На прашањето кој е најсоодветен за премиер, според анкетираните, актуелниот претседател на грчката Влада Кирјакос Мицотакис е прв со 33 проценти, наспроти одговорот „никој од понудените“ што го избрале 32 отсто од испитаниците.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“ било спроведено од 21 јуни до 1 јули 2024 година со анкетирани 1.444 лица со право на глас. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен