Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Аргентинскиот претседател Милеи ќе се сретне со Си Џинпинг во Кина

 Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во наредните недели ќе отпатува за Кина каде ќе се сретне со својот колега Си Џинпинг, јавија светските агенции.

Централната банка на Јужноамериканската Република претходно соопшти дека Аргентина и Кина го продолжуваат договорот за размена на валути до јули 2026 година (кога централната банка на една земја ќе ја прифати валутата на друга земја за да ја олесни билатералната трговија) во висина од пет милијарди долари.

Аргентина требаше да исплаќа милијарди долари овој и следниот месец, доколку не постигнеше продолжување на договорот со Кина. 

Зачлени се на нашиот е-билтен