Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ATA: Добра вест за Тирана од Брисел, Македонија без одлучувачки чекор кон ЕУ

„Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредување на нејзиниот пат кон ЕУ, но тоа е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успеа да направи одлучувачки чекор кон членството во ЕУ“, вака денеска Албанската телеграфска агенција (АТА) ја оценува веста дека Албанија ја доби следната Меѓувладина конференција на 15 октомври, со што со едногласната одлука на амбасадорите на земјите членки на Европската унија земјата ги отвора преговорите по поглавјата за пристапување во членство во ЕУ.

Агенцијата потсетува дека двете земји ги започнаа преговорите летото 2022 година, но поради споровите меѓу Скопје и Бугарија, отворањето на поглавјата за Северна Македонија е одложено без директно да влијае на напредокот на Тирана.

Кон средината на октомври во рамките на меѓувладината конференција, Албанија ќе го отвори Кластер 1 – Фундаменти.

АТА уште потсетува дека „по неколку години фрустрација, Бугарија и Северна Македонија се согласија под француското претседателство со ЕУ во јули 2022 година да го изменат нејзиниот устав и да го вклучат бугарското малцинство, но условот не е имплементиран поради недостаток на политичка волја и консензус со што се закочи пристапниот процес за Северна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен