Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Аваја: Со ребалансот се крати буџетот за јавни политики од Стратегијата за Ромите

Шуто Оризари
Шуто Оризари

Од политичката партија Аваја реагираат на ребалансот на буџетот со што се намалуваат и финансиските средства наменети за таргетираните јавни политики од Стратегијата за Ромите.

Се кратат финансиските средства од приоритетните области на вработувањето, социјалната политика и здравството, велат од Аваја.  

Во областа на домувањето и комуналната инфраструктура во ромските маала, каде што условите за живеење се далеку полоши, наместо зголемување на буџетот, средствата сепак остануваат исти.

Од Аваја посочуваат дека недостасуваат финансиски средства во рамки на стратешките планови за инвестиции во образовните квалификации и работната сила кај ромската заедница кои може да доведат до подобрување на социјалната кохезија и економскиот статус за Ромите на долгорочен план.

Како ќе одиме напред? На кој начин може да се намали јазот што постои помеѓу Ромите и мнозинското население ако продолжиме со трендот на кратење таму каде што е најтенко и без соодветни афирмативни политики и инвестиции, прашуваат од оваа партија.

Не може донаторите (Европската заедница, меѓународните организации и граѓанските организации) да имаат поголеми проекти, буџети и иницијативи од државата. Со ваков предлог за ребаланс на буџетот, односот е 70 / 30, при што 70% од средствата наменети за финансирање и имплементација на проекти од Стратегијата за Ромите доаѓаат од донаторската заедница и граѓанските организации, а само 30 % е учеството на државата во спроведување на усвоената Владина Стратегија за инклузија на Ромите. Вистинска промена може да имаме само кога државата се грижи поеднакво за сите свои граѓани.

Аваја како политичка партија, иако нема пратеник/пратеничка во највисокиот законодавен дом, ќе достави предлог до пратеничките групи во Собранието за зголемување на буџетот за таргетираните јавни политики од Стратегијата за инклузија на Ромите.

Воедно, Аваја предлага Владата да ја корегира оваа состојба и да ги обврзе општините барем 1,% од 250-те милиони наменети за развој, за кои ќе треба да се подготват проекти и апликации, да се наменат и за правење улици и основна инфраструктураи во ромските маала на локалитетите каде што живеат во екстремно лоши услови.

Зачлени се на нашиот е-билтен