Во изјава за Рацин.мк претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски, истакнува дека МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас.
Денешната главна вест во регинот за тоа дека речиси цела Црна Гора и Босна Херцеговина и дел од Хрватска е останата без струја е само потврда дека инвестициите во енергетиката мора да бидат број еден приоритет, вели за Рацин.мк Бислимоски.
„Не така далеку беше кога земјата и регионот се соочи со “блек аут” (колапс на електричната мрежата). Во комуникација сме со преносните систем оператори како и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба. Енергетиката е испреплетена како крвните садови во човековото тело. Ќе повторам: инвестиции, инвестции и само инвестиции се неопходни“, порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски.