Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи на Светскиот ден на туризмот: Поддршката на туризмот донесе пресврт, од 0,4 проценти учеството на туризмот во домашниот БДП во 2011, до 3,6 во 2022 година

„Привилегија и гордост е овогодинешниот Светски ден на туризмот – 27 Септември, да го прославиме со рекордните бројки што ги постигнаа туристичките капацитети и понуди на нашата земја. Туристичкиот промет покажа раст и во вториот квартал за 2023 година и изнесува 136 милиони долари во македонската економија, со раст од 28% споредбено со истиот период 2022 година. Пандемијата со ковид-19 помина и туристичките номади се вратија на своите омилени дестинации и освојуваат нови“, напиша денеска на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи по повод 27 Септември – Светскиот ден на туризмот.

Битиќи уште напиша дека „инспиративна е веста за ставањето на Охрид на листата туристички атракции на еден од најголемите тур-оператори во светот во Велика Британија, благодарение на воведените директни летови на од Манчестер и Гетвик до Охрид и дека локалните тутристички работници од градот на УНЕСКО велат дека не паметат толку успешна туристичка сезона како оваа со преполни капацитети со гости од Велика Британија, Турција, Холандија, Англија, Норвешка, Србија и други земји“.

„Со антикризните мерки и со финансиската поддршка, Владата помогна овој значаен сектор да ја зголеми продуктивноста и со зајакнување на човечките ресурси. Растот на туристичката индустрија го следи и растот на просечната плата којашто порасна за двојно повеќе од 2018 година кога изнесуваше 18.700 денари и сега е во висина од 36.500 денари“, пишува на социјалните мрежи вицепремиерот Битиќи.

Во својата објава тој најавува дека Владата „продолжува и понатаму со активните политики за поддрша на туризмот кој направи пресврт и во учеството во домашниот БДП. Ако во 2011 година учеството на туризмот во домашниот БДП беше 0,4 проценти, во 2022 година беа забележани 3,6 проценти“.

„Туризмот е економска гранка која ја ставаме високо меѓу приоритетите за да ја направиме да биде мотор и стабилен фактор за зголемување на бројот на нови зелени работни места и за раст на локалниот економски развој. Зелените инвестиции во туризмот е цел на владините политики со фокус на поддршката за развој на руралниот туризам, етно-гастрономскиот концептот и винскиот и адреналинскиот туризам“, истакнува Битиќи.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи по повод 27 Септември – Светскиот ден на туризмот ја соопштува целта којашто треба да се постигне со интензивирање и развивање на нови меѓуграничните туристички проекти за да бидат остварени 3,5 и 3,7 милиони ноќевања во 2024 и 2025 година.

Треба да знаете
Moже да ве интересира