Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел повика на независна истрага за израелскиот напад врз училиштето на УНРВА

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска повика на независна истрага за израелскиот напад врз училиштето на УНРВА во кампот Нусејрат во Газа, во согласност со пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Во објавата на X тој ги повика Хамас и Израел да го прифатат предлогот на САД за прекин на огнот во три фази.

„Извештаите што доаѓаат од Газа покажуваат дека насилството и страдањето продолжуваат да бидат единствената реалност за стотици илјади невини цивили. Трајниот прекин на огнот е единствениот начин да се заштитат цивилите и да се постигне итно ослободување на сите заложници“, наведе Борел.

Зачлени се на нашиот е-билтен