Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарија, Грција и Романија бараат од ЕК да го оданочи вишокот профит за производители и трговци со струја

Министрите за енергетика на Грција, Романија и Бугарија ја повикаа Европската комисија да воведе данок за вишокот профит на производителите и трговците на електрична енергија и да се даде приоритет на развојот на енергетски врски во Југоисточна Европа, јави БТА на информациите на АНА-МПА.

Иницијативата на грчкиот министер за енергетика Теодорос Скилакакис, минатиот петок е испратена до еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон. Писмото е потпишано заедно со романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја и Бугарскиот министер за енергетика Владимир Малинов. Во документот министрите инсистираат на мерки за справување со наглото поскапување на струјата летово на југоистокот на Европа.

Министрите нагласуваат дека нестабилноста на цените во Југоисточна Европа изврши значителен притисок врз економиите на земјите од регионот, загрозувајќи ги и енергетската безбедност и стабилноста на пазарот. Во писмото се истакнуваат важни прашања како што е недостатокот на доволен капацитет за енергетско поврзување, фрагментацијата на енергетските пазари и ограничениот флексибилен производствен капацитет.

Во него се наведува и потребата од краткорочни и долгорочни мерки. Во однос на краткорочните мерки, министрите ја истакнаа потребата од итна акција како на пример оданочување на вишокот профит на производителите и трговците на електрична енергија. Приходите од оданочувањето може да се искористат за да се олеснат потрошувачите и да се стабилизира пазарот во краткорочен план. Министрите, исто така, повикуваат на поблиска соработка меѓу националните регулаторни органи за ефективен надзор на пазарот.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново