ЦИВИЛ и општина Чаир денеска ќе одржат мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“

ЦИВИЛ во соработка со Општина Чаир организира мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“, денес, со почеток во 12 часот, во Општината.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.

Ученици од осум основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни творби, кои ќе бидат дел од изложбата. Со одлука на комисијата за оценување, ќе бидат доделени  награди на најуспешните учесници. ЦИВИЛ ќе додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.

Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?