Европската Централна Банка одлучи да ги зголеми трите клучни каматни стапки за 25 базични поени од 17 јуни 2026 година. Така, каматните стапки на депозитните овластувања, главните операции за рефинансирање и маргиналните кредитни овластувања ќе бидат зголемени соодветно на: 2,25 проценти, 2,40 проценти и 2,65 проценти, објави ЕЦБ.
Како што беше потсетено, ЕЦБ е посветена на водење монетарна политика на начин што ќе обезбеди стабилизирање на инфлацијата на целното ниво од два проценти на среден рок.
„Војната на Блискиот Исток создава инфлаторни притисоци, а одлуката за зголемување на стапките е оправдана според низа сценарија што покажуваат како шокот би можел да се развие и да влијае на среднорочните перспективи за еврозоната“, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Во основното сценарио на новите проекции, се очекува вкупната инфлација да изнесува во просек 3% во 2026 година, 2,3% во 2027 година и 2% во 2028 година.
о споредба со март, персоналот ја ревидираше нагоре својата проекција за базичната инфлација за 2026 и 2027 година поради повисоката траекторија на цените на енергијата, што се очекува до одреден степен да се пренесе на инфлацијата на храната, стоките и услугите.
Основното сценарио предвидува просечен економски раст од 0,8% во 2026 година, 1,2% во 2027 година и 1,5% во 2028 година.
Ова, се истакнува во извештајот, претставува надолна ревизија за 2026 и 2027 година, што го одразува поизразеното влијание на војната врз пазарите на стоки, реалните приходи и довербата.
„Целосните последици од војната врз среднорочната инфлација и раст ќе зависат од интензитетот и времетраењето на шокот предизвикан од цените на енергијата, како и од обемот на неговите индиректни и секундарни ефекти“, се вели во соопштението
