Секојдневно се разобличуваат лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, порача денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Апсолутно не им се верува, секој ден се гледа како ги разобличуваме нивните лаги. Едно збореа до изборите 2024 година, друго зборуваат сега. Како викаше, на Никола Груевски судските процеси биле местени, сега треба да иде у затвор. Па кој е Христијан, вистинскиот Христијан? Тој што го збореше тоа или ова сега?” рече Филипче.
Според Филипче, владејачката партија ја користела истата матрица и за Преспанскиот договор, НАТО и европската интеграција на земјата.
„Што ветуваа? Дека ќе го вратат името, дека ќе го поништат Преспанскиот договор. Гласаа против. А сега, министерот Муцунски гостува на Euro News и кажува колку НАТО било позитивна стратешка одлука за иднината на државата и креирање на клима за инвестиции. Луѓето кои што беа против НАТО, кои што беа против Преспанскиот договор, луѓето кои што велеа дека ќе го поништат Преспанскиот договор и ќе го враќаат името, сега го фалат членството во НАТО”, истакна Филипче.