Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома

Неврохирургот д-р Венко Филипче, носител на ИЕ 4 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија во гостувањето на Неформално на Сител Подкаст, говори за можностите кои му ги нуделе светските неврохируршки центри, но сепак одбрал да работи на Клиниката во Скопје. Филипче се враќа во политиката со главен мотив на младите да им се обезбедат можности за напредок и иднина како во напредните европски држави, вели дека тоа е единствениот начин и идните лекари специјалисти својата иднина да ја гледаат дома.

Ги одбив понудите за работа во Америка, Швајцарија, Германија за да се вратам дома и да работам на Клиниката за неврохирургија, раскажува познатиот неврохирург Венко Филипче во Неформално на Сител Подкаст. Интересни случувања од периодот кога специјализирал во овие земји и учел за тајните на неговата професија од врвни светски имиња.

„Јас останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка. За време на престојот во Швајцарија, добив понуда да работам. Бев на неколку турнуси по една недела во Германија. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Јас се вратив тука затоа што сакам да придонесам нашето општество да оди напред. Останав тука да работам на огромен број на понуди за работа во Америка“-вели Филипче.

Доктор Филипче вели дека земјата мора да се трансформира по примерот на развиените европски земји и тоа е единствен начин за младите да се задржат да работата дома. Тоа е мотивот зошто неврохирургот се враќа во политика.

„Младите нема да останат тука, ако ние не направиме трансформација по примерот на развиените европски општества. Тоа е мојата желба и главниот мотив. И тоа е мојата мисија. Јас затоа верувам во тие политики. Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи. Знам каков е животот во европските земји, знам каков е тука. Многу често сум бил надвор и секогаш сум се враќал. Многу потешко ми било кога сум мислел од таму за тука, отколку од тука за таму. Така што ќе направам сè што треба и ќе дадам сè од себе, цела моја енергија и фокус и цела работа да ние конечно оваа држава стане дел од европското семејство народи“-вели д-р Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен