САД одобрија продажба на оружје на Германија во вредност од околу 10 милијарди евра, објави Стејт департментот.
Како што се наведува, одобрението го вклучува барањето на германската влада и е дел од политиката на зајакнување на капацитетите на сојузниците на НАТО, објави германски „Шпигел“.
Продажбата сепак треба да биде упатена до Конгресот на САД, кој би можел да покрене приговори.
Планираниот пакет оружје вклучува осум интегрирани системи за борбено управување, модерни радарски системи и ракетни фрлачи, наменети за зајакнување на поморските капацитети и подобра интеграција со силите на НАТО.
Целта на договорот, според најавата, е да се подобри националната и колективната одбрана на Германија, како и да се зајакне соработката со силите на САД и НАТО алијансата.
Главни изведувачи во бизнисот би биле американските одбранбени компании „Lockheed Martin“ и „RTX Corporation“.