Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германското МНР го повика рускиот амбасадор по апсењето на две лица под сомнение за саботажа во корист на Русија

 – Германското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор откако претходно денеска беа уапсени две лица со двојно германско и руско државјанство под сомнение дека подготвувале саботажа, вклучително и против американските воени објекти, за да ја блокираат воената поддршка за Украина, јавија агенциите повикувајќи се на весникот „Билд“.

Претходно денеска властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за руските тајни служби.

Германските обвинители соопштија дека еден од осомничените, идентификуван од властите како Дитер С., разговарал за наводни заговори со лице поврзано со руското разузнавање од октомври 2023 година. Дитер С. бил подготвен да изврши бомбашки напади и палење на воени објекти, вклучително и оние што ги користеле американските сили, а исто така снимал воен транспорт и опрема, соопшти обвинителството.

Зачлени се на нашиот е-билтен