Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хамнеи: Израелските сили не можат да го уништат Хамас

 Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека и покрај масовните бомбардирања во Газа, израелските сили по 40 дена не можат да го уништат Хамас и оцени дека „бруталното бомбардирање на болници, жени и деца во Газа е знак на екстремна нервоза на лидерите на израелскиот режим поради поразот“.

„Поразот на ционистичкиот режим во Газа е факт, а влегувањето во болници или во домовите на луѓето не е напредок и победа, бидејќи победата значи пораз на другата страна, во што ционистичкиот режим досега не успеал и нема да може ниту во иднина“, додаде тој.

Хамнеи рече дека неуспехот на Израел значи и неуспех на Соединетите Американски Држави и западните земји, како и дека целиот свет е соочен со фактот дека земја со напредна воена инфраструктура и опрема не може да го победи противникот кој нема ништо од тоа, пренесува агенцијата ИРНА.

Тој ги повика исламските влади да ги прекинат политичките врски со Израел барем на ограничен период.

Според него, израелскиот режим е манифестација на расна дискриминација. „Ционистите се сметаат себеси за супериорна раса, а другите човечки суштества ги сметаат за инфериорни, и затоа убија неколку илјади деца без никакво каење. Кога претседателот на САД (Џо Бајден), германскиот канцелар (Олаф Шолц), претседателот на Франција (Емануел Макрон) и британскиот премиер (Риши Сунак) поддржуваат и помагаат таков расистички режим, тоа значи дека ја поддржуваат расната дискриминација“, истакна Хамнеи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен