Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хрватскиот претседател е руски платеник?! Ова е најново од пресметката меѓу Милановиќ и Пленковиќ, се собирале докази

Зоран Милановиќ е руски платеник ! Ова е тезата што ХДЗ ја повторува од вчера, по најновата епизода од кавгата меѓу Пантовчак и Бански, односно меѓу Владата и Претседателството поттикната заради доаѓањето на Александар Вучиќ во Дубровник. Но, од владините структури се’ уште не излегле со докази за ваквите сериозни обвинувања. Затоа опозицијата преку собраниската Комисија за национална безбедност бара извештај од Бездосната-разузнавачка служба на Хрватска (СОА) за ова прашање, пишува денеска н1инфо.хр.

Зоран Милановиќ се врати од посетата на Полска, а потоа се огласи на Фејсбук. На обвинувањата од премиерот и министерот за надворешни работи дека можеби Русите му ја финансираат кампањата – тој одговори со видео од 2020 година по загрепската средба на Гордан Грлиќ Радман и неговиот руски колега Сергеј Лавров. Со тоа тој сака да сугерира дека актуелниот министер за надворешни работи, вусшност, е во врска со Москва.

Милановиќ, соопшти неговиот кабинет, нема што повеќе да се додаде на тоа, дури и откако градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ отиде чекор подалеку и тврдеше дека има индиции дека Русите го финансираат Милановиќ. Врз основа на кои докази, се прашува јавноста во Хрватска во очекување на расплетот од оваа кавга во хрвасткиот државен врв.

Ова е најновиот развој на обвинувањата меѓу двете страни кое започна со конфликтот околу испраќање војници во Германија. Милановиќ одбива да го потпише решението бидејќи вели дека тоа ја спречува војската да оди во Украина. Власта тврди дека се работи само за обука и сака да добие поддршка за тоа со двотретинско мнозинство во парламентот.

Зачлени се на нашиот е-билтен