Интерпол трага по Украинка осомничена за обид за атентат врз украински бизнисмен во Монако

Foto: Tanjug/AP/Philippe Magoni

Интерпол објави меѓународна потерница по 39-годишна украинска државјанка, која е осомничена за вмешаност во обидот за атентат врз украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако. Истражителите тврдат дека осомничената, Анастасија Березовска, неколку дена пред експлозијата го набљудувала местото каде што подоцна бил извршен нападот. 

Според информациите објавени од Интерпол и медиумските извештаи, Березовска има темна коса, на десната рака има тетоважа од змија и зборува германски јазик. Истрагата покажала дека три дена пред експлозијата таа го обиколувала местото на нападот, а полицијата успеала да ја идентификува преку снимки од безбедносни камери и споредување со полициски бази на податоци. 

Истрагата утврдила дека осомничената претходно се појавила во полициска станица во францускиот град Мантон, каде што под туѓ идентитет презела автомобил од полициски паркинг. По експлозијата, според истражителите, таа избегала преку францускиот град Бозолеј, по што ѝ се губи трагата. 

Нападот се случи пред неколку дена пред станбена зграда во Монако, кога беше активирана експлозивна направа. Во експлозијата беа повредени Вадим Јермолаев и членови на неговото семејство. Обвинителството во Монако отвори истрага за обид за убиство и поставување експлозивна напра

Најчитано