Иран објави нови правила за премин низ Ормускиот теснец

нафтата

Иранската управа за Ормускиот теснец денес објави нови процедури за бродовите кои сакаат да поминат низ стратешкиот воден пат, одлука донесена по потпишувањето на меморандум за разбирање меѓу Техеран и Вашингтон.

Според директивите издадени по потпишувањето на договорот, бродовите што сакаат да поминат низ теснецот мора да поднесат барање за транзит преку официјалните канали на Управата.

Нови правила

Во соопштението се нагласува дека единствените одобрени канали се официјалната веб-страница и е-поштата, а кандидатите мора да обезбедат и валидни контакт информации за своите бродови.

На сопствениците на бродови им е наложено да поднесат комплетни апликации најмалку 48 часа пред да пристигнат во Ормутскиот теснец за да избегнат застои на влезните или излезните точки.

Во текот на 60-дневниот период, нема да се наплаќаат никакви такси за безбедносни, заштитни и еколошки услуги, како и за сродно иранско осигурување, а овие трошоци, како што е најавено, ќе ги сноси иранската влада.

Поради областите погодени од мини и потребата да се обезбеди безбедна пловидба, бродовите мора да ги координираат своите предвидени рути и планираните времиња на минување пред да се приближат до теснецот. Администрацијата предупреди дека сопствениците на бродови ќе бидат одговорни за непочитување на овие барања.

Позадина на договорот меѓу САД и Иран

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан електронски потпишаа меморандум за разбирање од 14 точки во среда. Договорот има за цел да го заврши конфликтот што започна меѓу САД, Израел и Иран на 28 февруари.

Според меморандумот, Вашингтон и Техеран треба да водат преговори во следните 60 дена, со можност за продолжување, за да постигнат конечен договор за нуклеарната програма на Иран и меѓународните санкции.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој исто така го потпиша документот како посредник, рече дека според условите на договорот, Иран веднаш ќе го отвори повторно стратешки важниот Ормутски теснец, додека САД ќе ја укинат својата поморска блокада.

Најчитано