Ирански супертанкер што превезува сурова нафта во вредност од речиси 220 милиони долари го избегнал американскиот надзор и плови кон Далечниот Исток, според „ТанкерТрекерс“, компанија што ги следи движењата на танкерите. Според компанијата, бродот превезува повеќе од 1,9 милиони барели нафта, јавува агенцијата „Анадолија“.
„Супертанкер од класата VLCC, во сопственост на Националната иранска компанија за танкери (NITC), кој превезуваше повеќе од 1,9 милиони барели сурова нафта со проценета вредност од речиси 220 милиони долари, успеа да ја избегне американската морнарица и да стигне до Далечниот Исток“, објави TankerTrackers на социјалната мрежа X.
Бродот, идентификуван како „OGRMAN“ (IMO број 9357183), последен пат беше виден кај Шри Ланка пред повеќе од една недела. Моментално се движи низ Ломбочкиот Проток во Индонезија и се упатува кон островите Риау.
Според информациите за поморскиот сообраќај, танкерот не емитува сигнал од Системот за автоматска идентификација (AIS) од 20 март. Сигналот бил исклучен откако бродот го напуштил Малачкиот теснец, додека бил на пат кон Иран.