Исчезната жена во Карпош последен пат е видена кај училиштето „Петар Поп Арсов“

Повозрасна жена исчезна во скопската населба Карпош, а семејството апелира до граѓаните за помош во потрагата. Таа последен пат била видена на 26 мај, околу 15:15 часот, во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“.

Според објавата што ја пренесоа повеќе медиуми, жената во моментот на исчезнувањето носела розови тренерки и блуза со црно-бели пруги. Семејството ги замолува сите што ја забележале или имаат каква било информација за нејзиното движење веднаш да се јават на телефонскиот број 070/399-945 или во полиција.

Најчитано