Ковачевски на работна вечера кај Макрон во Елисејската палата

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во Елисејската палата беше гостин на работната вечера што ја приреди претседателот на Француската Република Емануел Макрон,  за шефовите на држави и влади учесници на Парсискиот мировен форум.

– Работната вечера во Елисејската палата, со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, е одлична можност, во пресрет на Парискиот мировен форум, да ја споделиме определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот, објави Ковачевски на фејсбук.

Премиерот Ковачевски денеска присуствуваше на отворањето на Парискиот мировен форум чија цел е поттикнување соработка и изнаоѓање решенија за предизвиците со коишто се соочува светот.

На Форумот што го отвори францускиот претседател Макрон присуствуваат повеќе лидери на држави и влади и претставници на меѓународни организации и од академската заедница.

Извор(FrontLine)

Треба да знаете
Moже да ве интересира