Премиерот на Малта, Роберт Абела, ја прогласи четвртата последователна победа на неговата Лабуристичка партија на парламентарните избори.
„Ова е победа за сите луѓе, врз основа на програмата што ја презентиравме за сите граѓани“, изјави Абела пред новинарите, додавајќи дека резултатите покажуваат дека неговата партија „освоила силен мандат“.
Четврта победа
„Да го одржиме духот на националното единство и заедно да ја водиме земјата напред“, рече тој.
Новинарите што го следеа пребројувањето на гласовите објавија дека Лабуристичката партија освоила убедливо парламентарно мнозинство, иако се чинеше дека е послабо отколку во 2022 година, кога освоија 55 проценти од сите изборни гласови.
Чарлс Бонело, генерален секретар на опозициската Националистичка партија, го призна поразот, но истакна дека неговата партија сепак успеала значително да го намали мнозинството на Лабуристите.
Изборите се одржаа во саботата со излезност од 87,4 проценти, што е мало зголемување во споредба со последните парламентарни избори во 2022 година.
Абела, кој го наследи Џозеф Мускат како лидер на Лабуристичката партија во 2020 година, ќе положи заклетва во понеделник наутро.
