Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Левица прифаќа реорганизација на министерствата, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати една изборна единица

Левица соопшти дека дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кои ќе се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број по барање на коалицијата која го сочинува новото мнозинство во Парламентот, но бара од ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на изборниот модел и воведување една изборна единица.

– Левица повторно подава рака на ДПМНЕ за овие законски измени да бидат поддржани од нивните пратеници, со едноставен услов – паралелно со ова да се изгласа и Законот со кој ќе се промени изборниот модел и ќе биде воведена една изборна единица! Воведувањето на една изборна единица во Република Македонија е неопходно заради еднаквото вреднување на секој глас на граѓаните даден на изборите. Од мисијата на ОБСЕ веќе со години во своите извештаи препорачуваат ваков изборен модел во државата, а ова не би требало да биде проблем за прифаќање од страна на ДПМНЕ, со оглед на тоа дека тие во својата програма и во предизборните ветувања најавија вакво системско решение, се наведува во соопштението од Левица.
 
Потсетуваат дека измените за Изборниот законик беа поднесени и во претходниот парламентарен состав, а ваквото законско решение најчесто не се спроведува поради коалициите на владејачките партии со партиите од т.н. албански блок, кои, како што наведуваат, „заради националистички мотиви и намалување на вредноста на гласовите на граѓаните од другите етникуми, не дозволуваат измена во овој закон“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен