Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Љутков никој не го спомнува, а и тој се сликаше без македонското знаме во Бугарија

Изминатите неколу дена се затегнаа односите меѓу Северна Македонија и Бугарија откако на средбата помеѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, која требаше да биде ново поглавје во македонско-бугарските односи, се претвори во фијаско на двајцата претседатели бидејќи направија протоколарна фото-сесија на која отсуствуваше македонското државно знаме.

Пропустот не беше само на таа средба туку и министерот за култура Зоран Љутков, за време на петочна средба со бугарскиот колега Најден Тодоров во Софија беше фотографиран само со бугарското знаме, но засега од министерството за култура мудро молчат, а фотографиите без македонско знаме ги испратија преку официјалниот меил на министерството.

По неколкудневните прозивања во медиумите, министерот за надворешни работи Тимчо муцунски кој исто така беше дел од делегацијата дури вчера во министерството го повика новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава Желјазко Радуков, за да му биде врачена протестна нота, но Радуков одбил да ја прифати протестната нота од Скопје.

Сиљановска- Давкова потенцираше дека со Радев имале пријатен ручек, со споменување на проекти, идеи но и дека нема зошто да има одговорност на шефот на протоколот во нејзиниот Кабинет.

-Нема зошто да има одговорност на шефот на протоколот, бидејќи цело утро и амбасадорката и шефот на мојот протокол бараа контакт по телефон со шефот на протоколот на Радев, но тоа не беше можно. Дури ни кога влеговме, ниту на шефот на мојот протокол ниту на амбасадорката не им беше предочено дека според протоколарните правила за овој вид на посета, нема потреба од истакнување на знамето на гостинката, рече Сиљановска Давкова.

Муцунски пак очекува извинување од соседна Бугарија, во врска со претседателката, но не го спомнува Љутков.

-Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување“, рече шефот на дипломатијата во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Зачлени се на нашиот е-билтен