Македонец со нож нападнал Србин на брод кај Хрватска

Mакедонка

Полицијата во Пула спроведе кривична истрага и утврди сомнение дека 54-годишен државјанин на Македонија сторил кривично дело обид за убиство, пренесуваат хрватските медиуми.

Истрагата покажала дека 54-годишниот македонски државјанин во еден момент зел нож и замавнал кон српскиот државјанин, насочувајќи ги ударите кон главата и стомакот – делови од телото кои се сметаат за витални.

Нападнатиот успеал да избегне потешки последици благодарение на брзата реакција. Тој инстинктивно ја кренал раката за да се заштити од ударот, при што се здобил со полесни телесни повреди. По лекарскиот преглед било утврдено дека неговите повреди не се опасни по живот.

По спроведената криминалистичка истрага, хрватската полиција го привела осомничениот македонски државјанин, кој потоа бил предаден во притворската единица на Полициската управа во Истра.

Против него е покрената постапка поради сомнение за обид за убиство, а хрватските правосудни органи ќе ги утврдуваат сите околности и мотивите што довеле до насилниот инцидент на бродот во Медулин.

Најчитано