Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонските писатели Марковски, Стојчевски и Мијаковска учествуваат во одбележувањето на Денот на европските автори

Македонските писатели и поети Стефан Марковски, Санде Стојчевски и Марина Мијаковска ќе учествуваат во првото одбележување на Денот на европските автори на 25-ти март, кое годинава ќе се случи во 40 земји кои се дел од програмата „Креативна Европа“.  

Денот на европските автори го организира најголемата европска писателска федерација – Европскиот писателски совет.

Во склоп на одбележувањето се предвидени литературни читања, предавања и книжевни разговори во средните училишта ширум Европа.

Марковски, Стојчевски и Мијаковска ќе го одбележат Денот на европските автори во средните училишта СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, во присуство на ученици и нивни професори по македонски јазик и литература.

Во рамки на одбележувањето македонските писатели ќе читаат извадоци од своите дела „Светлината во нашите вени“ (Марковски), „Нè чека пат“ (Стојчевски), како и „Коскена“, „Постела на тишината“ и „Тиркиз во лето“ (Мијаковска).

Инаку, Друштвото на писателите на Македонија е член на Европскиот писателски совет од минатата година.

Зачлени се на нашиот е-билтен