Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ до своите следбеници: Дали сакате вашите прашања за проширувањето на ЕУ да ги поставам директно до Вархеји и Копман?

„Во среда и во четврток ќе бидам во Тирана на средба на лидерите од Западен Балкан и лидерите од Европската Унија задолжени за прашањата на проширување. Темата е планот за раст и како можеме да ги користиме придобивките од заедничкиот европски пазар уште пред да станеме членка”, информира вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на социјалните мрежи.

Тој ги повика неговите следбеници и сите други коишто ќе покажат интерес да му испратат прашања кои тој ќе им ги постави на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и на дитректорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман.

„Дали имате прашање за планот за раст? Дали би сакале тие прашања да им ги поставам во Ваше име на Копман и на Вархеји, како најодговорни од Европската Унија и дали има нешто Ве интересира поврзано со процесот на проширување? Пишете ги вашите коментари и прашања во коментар на ова видео. Ви ветувам и се обврзувам дека ќе ги поставам на одговорните на Самитот во Тирана и ќе ги имате одговорите уште пред крајот на тој Самит”, напиша на социјалните мрежи Маричиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен