Маж загина при превртување чамец на Скадарското езеро

Mаж на возраст од околу 40 години го загуби животот при превртување на чамец на Скадарското Езеро, во пределот на Плавничкиот канал, во саботата навечер, пренесуваат црногорските медиуми.

Според информации од локалната полиција, во чамецот се наоѓале три лица. Едно лице починало како последица на несреќата, друго се здобило со повреди и самостојно се јавило во Ургентниот центар при Клиничко-болничкиот центар, додека по третото лице во моментов се трага.

„Станува збор за несреќен случај поврзан со превртување на чамец. Според досегашните сознанија, едно лице го загубило животот, едно е повредено и побарало медицинска помош во Ургентниот центар, додека потрагата по третото лице продолжува“, информираат од полицијата

Зачлени се на нашиот е-билтен