Мерц: Зголемувањето на трошоците на НАТО не е за да направиме некому услуга

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека неговата земја „го опремува НАТО со значително подобри ресурси“ со цел да се спротивстави на заканата што Русија ја претставува за безбедноста на Европа.

„Го опремуваме НАТО со значително подобри ресурси – не за да направиме некому услуга, туку од наше сопствено, јасно разбирање: Русија го загрозува целиот политички поредок на нашиот континент. Особено Европа треба да ги засили своите напори за да ја обезбеди сопствената одбрана“, напиша Мерц на Х.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно изјави дека очекуваното зголемување на целта на алијансата за издвојувања за одбрана и безбедност на 5 отсто од БДП „не би се случило“ без американскиот претседател. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?