Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицотакис: Со мигрантскиот проблем Грција се справи подобро од повеќето европски земји

 Би рекол дека со мигрантскиот проблем Грција се справи можеби подобро од повеќето други европски земји, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Си-Ен-Ен од Економскиот форум во Давос, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер посочи дека убедливата победа на изборите, делумно се должи и на успешното справување со мигрантското прашање „преку строга, но праведна миграциска политика, која ја препознава потребата за заштита на границите, а истовремено отвора легални миграциски патишта за оние кои се заинтересирани да дојдат и да работат во Грција“.

-На крајот на денот, прашањето е кој одредува кој ќе влезе во Европа. Не може тоа да се криумчарите. Овие луѓе се несовесни и одговорни за бројни смртни случаи. Треба ние да одредуваме. Може да изградите голема ограда, но потребна и голема врата. И тоа е она што ние се обидуваме да го направиме, истакна Мицотакис.

Додаде дека оние кои не добиваат азил, треба да се вратат во земјите на потекло „за да се испрати многу јасна порака дека ако дојдеш во Европа, не те примат и не ти дадат азил, ќе мора да се вратиш“.

Зачлени се на нашиот е-билтен