Ниту еден министер од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ не се појави на пречекот на српскиот премиер Милош Вучевиќ, а не беше присутен ниту вицепремиерот Изет Меџити.
Вучевиќ беше пречекан со највисоки државни и воени почести пред Владата, а покрај премиерот Христијан Мицкоски тука беа вицепремиерите Николоски и Стоиљковиќ, шефот на дипломатијата Муцунски, министерката за енергетика Божиновска.
Засега нема официјален став од Вреди зошто решиле да го бојкотираат српскиот премиер.