На повидок нов закон за помилување?

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имала средба со министерот за правда, Игор Филков, на која зборувале за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов закон за помилување, информираат од Кабинетот.

„На средбата беа разменети аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Претседателката Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласиле да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призма на правото и правдата, се посочува во соопштението. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?