Ново поскапување на бензините, цената на дизелот останува иста

На денешната седница Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за утврдување на максималните малопродажни цени на горивата.

Согласно одлуката, од вечерва на полноќ ќе важат следните цени:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,144 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 денари за килограм и сега изнесува 51,144 денари.

Од РКЕ додаваат дека станува збор за максимални цени, а економските оператори може да понудат и пониски цени од максимално утврдените.

Најчитано