Пешак удрен од приватен автобус на „Партизанска“

МВР информира дека вчера во 18:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди” во Скопје, автобус „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, управуван од Б.А.(61) од с.Грчец, скопско, а кој сообраќал на градска линија број 12, удрил во 81-годишната Р.С. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Градска општа болница „8 Септември” Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, додаваат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен