Делови од Скопје утре, 26 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа.
Во општина Бутел, од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“.
Подолг прекин е најавен во општина Центар, каде од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат Музејот на современа уметност и дел од корисниците на улицата „Самоилова“.
Снабдувањето треба да биде нормализирано по завршувањето на најавените технички активности на мрежата.
