Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина олимпијката Ребека Чептегеи откако нејзиниот партнер ја полеал со бензин и ја запалил

Олимписката атлетичарка Ребека Чептегеи почина само неколку дена откако беше полеана со бензин и запалена од нејзиното поранешно момче.

33-годишната маратонка од Уганда, која се натпреваруваше на Летните олимписки игри во Париз, имала сериозни изгореници по нападот врз неа во неделата. Властите во северо-западна Кенија, каде што Чептегеи живееше и тренираше рекле дека таа била нападната откако се враќала дома од црквата со нејзините две ќерки.

Според локалните власти, Чептегеи и нејзиниот поранешен партнер имале расправија околу сопствеништвото на парче земја. Таа потекнува од регион кој е преку границата во Уганда и се вели дека купила плац во Транс Нзоиа каде што сакала да гради куќа за да биде поблиску до елитните тренинг центри во Кенија.

Од болницата каде што се лечеше спортистката изјавија дека таа починала откако сите нејзини органи откажале.

Поранешното момче на Чептегеи исто така било примено во болница, но со помалку сериозни изгореници. Тој се’ уште е на интенвизна нега, но неговата состојба е опишана како стабилна и дека се подобрува.

Од полицијата изјавиле дека добиле пријава дека двојката се расправала пред нивната куќа и дека за време на расправија момчето истурило течност врз жената пред да ја запали.

„Тоа бил кукавички и бесмислен потег што доведе до загуба на голема спортистка“, изјави директорот на Олимпискиот комитет на Уганда, Доналд Рукаре.

Смртта на Чептегеи следува по убиствата на Агнес Тироп во 2021 и Дамарис Мутуа во 2022 година, спортистки од источна Африка кои исто така беа убиени од страна на нивните партнери. Сопругот на Тироп ги негира обвинувања за обиство, но во тек е судењето, додека потрагата по поранешното момче на Мутуа се уште трае.

Нападите врз жените станаа голема причина за загриженост во Кенија. Во 2022 година, речиси 34 отсто од жените рекле дека биле жртва на физичко насилство.

„Оваа трагедија е потсетник за итната потреба за да се спротивставиме на родовото насислтво, кое расте и ги зафаќа дури и елитните спортисти“, изјави министерот за спорт на Кенија, Кипчумба Муркомен.

Извор: Би-Би-Си

Преземено од Трн.мк

Најново