Посебен режим за британските дипломати во Русија

Москва објави дека британските дипломати кои работат во Русија ќе треба однапред да ги известат властите за нивните движења низ земјата.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало британскиот вршител на должноста Том Дод за да го информира за „процедурата за известување за движењето на вработените во британските дипломатски претставништва“.

Москва соопшти дека е тој потег е воведен како одговор на „непријателските акции“ на Лондон, клучниот сојузник на Украина.

Мерките нема да важат за британскиот амбасадор и уште неколку дипломати.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?