Повеќе корисници во Скопје денеска ќе имаат привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Од 8:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Демирхисарска“, како и корисниците на улицата „Индира Ганди“ број 31 во општина Шуто Оризари.
Прекин во снабдувањето е најавен и во општина Сопиште. Од 9:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улица „4“ и дел од улица „8“ во селото Горно Соње.
Прекините се најавени поради интервенции во мрежата од страна на екипите на ЕВН.
