Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Припадниците на муслиманската вероисповед го одбележуваат празникот Курбан бајрам

Денес припадниците на муслиманската вероисповед го одбележуваат празникот Курбан бајрам.

Централната церемонија за Курбан Бајрам во Северна Македонија се одржа во џамијата Мустафа-пашина во главниот град Скопје во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија.

Пред бајрамската молитва се учеа делови од Куранот и се читаа илахии и молитви на турски, албански и босански јазик.

Покрај во внатрешноста на џамијата, муслиманите го исполнија и дворот на џамијата.

Проповедта за Курбан Бајрам ја спроведе тетовскиот муфтија Селвер Џемаили во име на Шакир Фетаху, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, кој во момнтов престојува во Саудиска Арабија за да ја исполни обврската на хаџот.

Во изјавата за новинарите по бајрамската молитва, Џемаили им го честиташе Курбан Бајрам на сите муслимани, каде и да се во светот.

Молејќи се за прифаќање на молитвите, Џемаили рече: „Му се молам на Семоќниот Бог овој празник да доведе да преовладува мирот, љубовта и почитта во нашите семејства и овие вредности да ги пренесе на целото човештво“.

Припадниците на муслиманската вероисповед бајрамската молитва ја спроведоа и во џамиите низ Северна Македонија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира